30 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUnder Armor ја зголеми прогнозата по добрите квартални резултати

Under Armor ја зголеми прогнозата по добрите квартални резултати

Производителот на спортски опрема „Under Armour“ ја зголеми прогнозата за годишната добивка, откако резултатите за третиот квартал ги надмина очекувањата на „Wall Street“, благодарение на поголемата продажба во странство и пониските трошоци, пренесува „Ројтерс“.

Акциите на компанијата со седиште во Балтимор, кои ја зголемија својата вредност со околу 26% во оваа година, запишаа 5,6% раст на цената до 19,2 долари пред почетокот на берзанскиот ден.

„Under Armour“ инвестира многу во меѓународните пазари, фокусирајќи се на својот бизнис надвор од Северна Америка, каде што нејзината продажба не бележи раст, во позадина на силната конкуренција од страна на гиганти, како „Nike“ и „Adidas“.

Компанијата ја зголеми прогнозата за годишниот приспособен профит по акција кој се движи од 19 до 22 центи во однос на претходната – од 16 до 19 центи по акција.

Нето приходите се зголемиле за 2,4 отсто до 1,44 милијарди долари, надминувајќи ја благо просечната прогноза на аналитичарите за 1,42 милијарди долари, покажуваат податоците на „Refinitiv“.

Нето профитот, исто така, се зголеми на 75,3 милиони долари, или 17 центи по акција, за кварталот кој заврши на 30-ти септември. Една година порано тој изнесуваше 54,2 милиони долари, или 12 центи по акција.

Како се исклучат некои елементи, „Under Armour“ заработи 25 центи по акција, над прогнозите за 12 центи по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП