Германскиот премиум гигант „Porsche“ во последниве 55 години напрaви дури 24 верзии на легендарниот „911“, па мораше да сними видео со цел да помогне полесно да се распознаваат.
Во краткиот филм „Porsche“ ја дефинираше секој верија од овој модел, нагласувајќи ги јасните разлики помеѓу верзиите и пакетите на опрема.
Само за пример, „911 Carrera“ е основниот модел, „Carrera S“ е најмоќната верзија со погон на сите четири тркала, при што моделот ја добива бројката „4“ кон своето име, „Carrera GTS“ e најмоќниот „секојдневен“ автомобил, додека кабриолетот го има името „Targa“.
Со оглед дека „Porsche“ моментално ја тестира најновата генерација на моделот „911“ под ознаката „992“, ова видео е повеќе од практнично „упатство за употреба“ на овој легендарен автомобил.