1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQualcomm тврди дека Apple му должи 7 милијарди долари

Qualcomm тврди дека Apple му должи 7 милијарди долари

За време на судско сослушување во американскиот град Сан Диего, американскиот производител на чипови „Qualcomm Inc.“ изјави дека „Apple“ му должи 7 милијарди долари за права, откако Концернот од Купертино престана да ги исплаќа поради тековниот спор со производителот на мобилни чипови за нечесни лиценцирани практики.

„Apple“ започна да се воздржува од плаќањата преку своите производители минатата година, кога започна тужбата против „Qualcomm“, велејќи дека производителот на чипови форсирал неправедни лиценцни надоместоци за технологија, кои немаат ништо општо со неговите производи, потсетуваат агенциите. „Qualcomm“ сепак ја одржува својата теза дека нејзините производи се „во срцето на секој „iPhone““ и дека нејзините побарувања се целосно валидни.

„Apple“ тврди дека производителот на чипови ја принудувал еднаш да плаќа за користење на нејзините чипови во „iPhone“, а уште еднаш преку патентни надоместотци – практика која „Apple“ ја нарекува „двојно потопување“. Сепак, „Qualcomm“ вели дека не прави ништо лошо и „Apple“ работела со овој бизнис модел со години.

Како „Apple“, така и „Qualcomm“ имаат бројни тужби една против друга, а „Qualcomm“ исто така сака забрана за увоз и извоз на некои модели на „iPhone“ во САД и Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП