19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектричниот Audi со „гени“ на Porsche ќе дебитира во 2020-та

Електричниот Audi со „гени“ на Porsche ќе дебитира во 2020-та

Германскиот производител „Audi“ во март го претстави електричниот седан со четири врати и високи перформанси – „E-Tron GT“, a сега е најавено дека тој ќе се појави на пазарот во 2020-та година.

За разлика од конкуренцијата која покрај перформансите се фокусира и на автономијата, во „Audi“ се концентрираат пред се на моќта.

Целта на „Audi“ e тоа „E-Tron GT“ да биде конкурентен на „Teslа Model S P100D“ кој забрзува од место до 100 km/h зa 4,3 секунди.

Продукцискиот модел ќе биде направен на истата платформа како и првиот електричен автомобил на „Porsche“ – „Taycan“, но од Инглоштад истакнуваат дека моделот покрај оние на „Porsche“ ќе има и многу „гени“ на „Audi“.

„E-Tron GT“ ќе биде првиот електричен „Audi“ со т.н. решение „рамен под“, наместо „висок под“ кој се применува во „E-Tron SUV“ моделот.

Се очекува дека „E-Tron GT“ ќе биде и првиот електричен „Audi“ чии моќни батери ќе може да се полнат со брз полнач од 350 kW кој овозможува полнење до 80% од капацитетот за помалку од 12 минути.

Со оглед дека „Audi“ се фокусира на перформансите, а не на растојанието помеѓу двете полнења, оваа вест секако ќе ги охрабри купувачите да го изберат „E-Tron GT“ наместо конкурентските модели со поголем опсег на движење.

„Audi“ овој концепт официјално ќе го претстави на Саемот за автомобили во Лос Анџелес во ноември, а неколку месеци подоцна ќе започне производството на моделот „E-Tron Sportback“.

„E-Tron GT“ во производниот погон ќе се најде во 2020-та во Некарслум, Германија и ќе биде еден од десетте електрични модели на „Audi“ кои ќе дебитираат до 2025-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП