25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPhilips разочара со послабата нето добивка за кварталот

Philips разочара со послабата нето добивка за кварталот

Холандската компанија „Philips“ објави нето добивка помала од очекуваната за третиот квартал. Како причина за тоа таа го посочи најслабиот раст на клучните пазари и монетарните флуктуации, пишува „CNBC“.

За извештајниот период нето профитот достигна 393 милиони евра при очекувани 350,5 милиони евра, покажуваат податоците на компанијата „Refinitiv“.

Оперативната добивка пред камати, даноци и еднократни ефекти (EBITA) забележа раст на годишна основа. За третиот квартал, таа беше 590 милиони во споредба со 532 милиони евра пред една година.

„Подобрувањето на оперативната добивка можеше да биде поголема ако не беа валутните бариери кои беа значајни на пазарите во развој. Тоа е нешто што, се разбира, ќе го надоместиме во иднина, па не е структурен проблем“, коментира Франс ван Хутен, извршен директор на „Philips“.

„Другото нешто со кое се соочивме, беше почетокот на санкциите – нешто за што сме загрижени, но сакам да повторам дека генерално „Philips“ е на пат да ја постигне целта за раст од 4-6% во оваа година“, додава тој.

И покрај зголемувањето на цените и подобрувањето на маргините, „Philips“ забележа добивка од 292 милиони евра (335 милиони долари) за кварталот, кој заврши на 30-ти септември. Аналитичарите предвидуваа дека износот ќе достигне 350,5 милиони евра.

Приходите на компанијата се зголемија на 4,31 милијарди евра од 4,15 милијарди евра во истиот период од минатата година.

По отцепувањето на својата единица на производи за осветлување во 2016-та година, компанијата се фокусира на медицинските уреди и производи за здравствена заштита – од медицински скенери до четки за заби.

Денес, компанијата, исто така, објави дека започнала програма за откуп на 5 милиони акции. Во тековната цена на акциите, вкупниот износ на програмата се очекува да достигне 174 милиони евра. Процесот се очекува да заврши до 10-ти ноември.

Од почетокот на годината, акциите на „Philips“ се зголемија за скоро 10 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП