Индексот на МБИ10 вчера заврши со раст од 5.91%. Вчерашниот промет на Македонска берза заврши со промет од над 90 милиони денари. Некои акции дури забележаа раст од 10%.
Откако пратениците во Парламентот со двотретинско мнозинство изгласаа за Уставните измени, домашните инвеститори ги одврзаа кесињата. Во понеделникот беа истргувани акции во вредност од 91,4 милиони денари. Најтргувана беше акцијата на НЛБ Банка со 29.5 милиони денари, по неа следеше Комерцијална банка со 12,8 милиони денари и Макпетрол со 11.3 милиони денари.
Аналитичарите очекуваат понатамошен раст на цените на акциите поради фактот што компаниите се во добра финансиска кондиција, како и понатамошниот развој на настаните поврзани со влезот во НАТО и ЕУ.