28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрајковите во Европа го „топат“ профитот на Ryanair

Штрајковите во Европа го „топат“ профитот на Ryanair

Нискобуџетна компанија „Ryanair“ забележа 7-процентен пад на профитот за клучната сезона април-септември, повикувајќи се на повисоките трошоци за гориво и послабите резервации поради штрајковите. Според компанијата, кратките правци во Европа нема да бидат силни во зима, објави „Ројтерс“.

Пред три недели „Ryanair“ ја намали прогнозата за годишната добивка за 12% и предупреди дека работите ќе се влошат доколку последниот бран штрајкови на пилотите и на екипажот во Европа продолжи да влијае на трговијата и резервациите.

Најголемиот нискобуџетен авиопревозник во Европа доживува тешкотии во односите со својот тим, откако беше убеден да ги признае синдикатите за прв пат во минатиот декември. Компанијата изрази надеж дека ќе ги финализира понатамошните договори со Унијата во наредните месеци.

Акциите на „Ryanair“ во петокот ја затворија сесијата по цена од 11,51 евра, што е за 20% помалку од нивната вредност пред три месеци и со 40% под највисоката вредност од 19,39 евра во август минатата година пред да започнат проблемите со екипажите.

„Ryanair“, која традиционално го заработува поголемиот дел од својот профит во текот на летото, забележа профит од 1,2 милијарди евра во шестте месеци до 30-ви септември. Таа ја потврди својата годишна прогноза помеѓу 1,1 и 1,2 милијарди евра.

Тоа би претставувало пад од 17-24% во однос на рекордната добивка по даноците од 1,45 милијарди евра, земена за последната финансиска година, завршена на 31-ви март.

Анкета меѓу над 10 аналитичари, изготвена од „Ryanair“ пред резултатите посочуваше средна прогноза за профит од 1,127 милијарди евра за годината и 1,175 милијарди евра за шесте месеци до 30-ти септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП