1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon отвора уште 1.000 работни места во Велика Британија

Amazon отвора уште 1.000 работни места во Велика Британија

Американската компанија за онлајн трговија „Amazon.com“ ја отвора својата прва канцеларија во Манчестер, Велика Британија, и проширува два други свои центари, па тоа ќе создаде уште 1.000 нови позиции поврзани со истражувањата и развојот. Ова е голема нова инвестиција во британските иновации, објави „Ројтерс“.

„Amazon“ ќе создаде 600 нови корпоративни и развојни активности во Манчестер. Уште 250 ќе бидат додадени во неговиот центар за развој во Единбург, а 180 во Кембриџ, соопшти компанијата.

Менаџерот на „Amazon“ за Велика Британија, Даг Гур, рече дека земјата ќе ја преземе водечката улога во глобалната иновација на компанијата.

„Во Велика Британија има работа како во Силиконската долина, а ние ја утврдивме нашата долгорочна посветеност кон Велика Британија“, коментира тој.

Новите инженери ќе работат на развој на технологии, како персоналните препораки кога се пазари, машинско учење, виртуелниот асистент „Alexa“, „Amazon Web Services“ и снабдувањето со дроновите „Prime Air“.

Заедно со другите американски технолошки гиганти, како „Facebook“, „Google“ и „Apple“, „Amazon“ продолжува да инвестира во Велика Британија и покрај несигурноста околу „Brexit“.

„Amazon“ тврди дека има инвестирано над 9,3 милијарди фунти (12,15 милијарди долари) во земјата од 2010-та година и е на пат да достигне 27.500 вработени таму до крајот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП