16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСобранието со 80 гласа „за“ ја донесе одлуката за пристапување кон измена...

Собранието со 80 гласа „за“ ја донесе одлуката за пристапување кон измена на Уставот за имплементација на Договорот од Преспа

Собранието на Република Македонија доцна вечерва со 80 гласа „за“ ја донесе одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа.

Собранието со 75 гласа „за“ заклучи најдоцна во рок од 15 дена да изготви предлог амандамни на Уставот и да ги достави до Собранието. Одлуката се објавува во Службен весник и стапува на сила веднаш.

Веднаш по почнувањето на седницата координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев во процедурално обраќање побара гласањето да се врши поименично.

-Знаејќи дека ќе пристапиме во делот на гласање за да се отвори простор за уставните амандмани барам гласањето да биде поименично заради можност да затаи техниката, рече Данев.

Неговото барање не го поддржа претседателот на Собранието Талат Џафери по што се пристапи кон гласање во кое 80 пратенци се изјаснија „за“ и немаше ниту еден „воздржан“ или „против“. Веднаш потоа Данев со поддршка од 10 пратенци побара да се гласа поединечно по што се пристапи кон јавно гласање на кое се потврди претходното гласање, а 39 пратеници беа против.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП