
Германскиот премиум гигант „Porsche“ ја претстави „Panamerа GTS“ која ќе биде понудена во двете каросериски верзии.


Германскиот премиум гигант „Porsche“ ја претстави „Panamerа GTS“ која ќе биде понудена во двете каросериски верзии.

„GTЅ“ верзијата го пополнува просторот помеѓу стандардната и најмоќната „Panamerа“, a може да се купи и во караванска „Sport Turismo“ каросерија.

„Panamerа GTS“ во двата случаи користи 4,0-литарски V8 би-турбо кој развива 460 „коњски сили“ и 620 Nm вртежен момент.
Агрегатот овозоможува забрзување од место до 100 km/h за 4,1 секунди и максимална брзина од 292 km/h.

Фабричките податоци тврдат дека просечната потрошувачка на „Panamerа GTS“ е 10,3 литри на 100 km (10,6 литри кај верзијата „Sport Turismo“).

Моќта се пренесува преку осумстепен автоматски менувач со двојно квачило (PDK).

„Panamera GTS“ е стандардно опремена со адаптивна воздушна суспензија, 20-инчни бандажи и „Sport Chrono“ пакет.

Што се однесува до визуелните детали, „GTS“ од другите модели од семејството „Panamerа“ се разликува по неколку црни каросериски елементи и логично „GTS“ ознаката.

Почетната цена на „Panamerа GTS“ во Германија е 138.493 eвра, a 141.349 евра ако купувачите се одлучат за практичната „Sport Turismo“ верзија.