23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle ја потврди својата годишна прогноза по растот на продажбата

Nestle ја потврди својата годишна прогноза по растот на продажбата

Групата за прехранбени производи „Nestle“ потврди дека цели кон раст на продажбата од околу 3% за оваа година, откако во четвртокот објави подобра трговија во Северна Америка и подобра продажба благодарение на бебешките храни во третиот квартал, соопштува „Ројтерс“.

Компанијата за пакувани прехранбени производи има тешкотии прилагодувајќи се на зголемениот апетит на потрошувачите на свежа, локална храна. „Nestle“ и конкурентите се обидуваат да ги подобрат перформансите, намалувајќи ги трошоците, продавајќи помалку претставуваните оддели и насочувајќи се кон премиум и здрава храна.

„Ние почнуваме да гледаме подобар моментум во Северна Америка и во нашата категорија за храна за бебиња на глобално ниво. Нашиот бизнис во Кина продолжува да расте со стапка од 4 до 6 отсто“, рече извршниот директор Марк Шнајдер.

Органичената продажба на „Nestle“, кои не ги вклучува девизните флуктуации и превземања, се зголемија за 2,9% во третиот квартал во согласност со прогнозите во анкетата на „Ројтерс“. Нивниот раст за деветте месеци изнесува 2,8%.

Продажбата како целина за деветте месеци се зголеми за 2,0% на 66,4 милијарди франци (66,7 милијарди долари).

Производителот на чоколадото „KitKat“ и на кафето „Nescafe“ објави уште дека Ван Лин Мартело – во моментов шеф на компанијата за регионите Азија, Океанија и суб-сахарска Африка, го напушта „Nestle“ и ќе биде заменет од Крис Џонсон, кој во моментов раководи со човечки ресурси и бизнис услугите од 1-ви јануари.

Мартело, кој беше главен финансиски директор, пред да ги преземе регионите, беше меѓу потенцијалните кандидати за улогата на главен извршен директор во „Nestle“ пред компанијата да одлучи да го земе надворешниот кандидат Марк Шнајдер пред две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП