24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајголемата платформа за видеа „Јутјуб“ падна на глобално ниво

Најголемата платформа за видеа „Јутјуб“ падна на глобално ниво

Најголемата светска онлајн платформа за видеосодржини „Јутјуб“ синоќа беше недостапна за корисниците од САД, Европа и Јужна Америка. Корисниците алармираа дека немаат пристап до своите канали на мрежата и дека не можат да гледаат какви било видеа.

Платформата беше недостапна околу еден час. Од „Јутјуб“ се огласија преку „Твитер“. Прво информираа дека се работи на отстранување на проблемот, без да се прецизира за што се работи, а по еден час напишаа дека проблемот е решен.

Додека „Јутјуб“ беше паднат, на местата на видеата се појавуваа празни прозорци, без никаква содржина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП