29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаст на приходите на „Нетфликс“ од 34 проценти

Раст на приходите на „Нетфликс“ од 34 проценти

Приходите на американската компанија „Нетфликс“ во третиот квартал годинава достигнаа четири милијарди долари, што претставува раст од 34 проценти во однос на истиот период минатата година. Истовремено бројот на нови претплатници порасна за седум милиони, што е значително повеќе од предвидувањата на аналитичарите.

Според најновиот извештај за работењето на компанијата, чистата добивка во последното тримесечје изнесува 403 милиони долари, што е три пати повеќе во однос на истиот период минатата година.

Силниот раст на приходите и добивката се должи на зголемениот број претплатници во третиот квартал за седум милиони, на вкупно 137 милиони корисници низ целиот свет.

Во САД бројот на нови претплатници е 1,1 милиони, додека во светот 5,9 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП