29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCoinbase отвори канцеларија во Даблин поради Brexit

Coinbase отвори канцеларија во Даблин поради Brexit

„Coinbase“, една од најголемите американски платформи за размена на криптовалути, го проширува европското присуство, отворајќи канцеларија во Даблин, бидејќи неизвесноста околу „Brexit“ продолжува да ги принудува компаниите да создаваат планови со кои ќе ги заштитат нивните бизниси при непредвидени околности, пишува „Bloomberg“.

„Даблинскиот тим ќе ги дополнува операциите на „Coinbase“ во Лондон, но ќе преземе и голем број на нови функции“, соопшти компанијата со седиште во Сан Франциско во својот блог. Лондон ќе остане седиште на компанијата, управувајќи со меѓународниот бизнис од таму.

„Бројот на клиенти во Европската унија минатата година се зголеми побрзо од било кој друг пазар“, велат од „Coinbase“.

Комисијата за приходите во Ирска ги објави насоките за трансакциите со криптоактивите уште во мај, за да одговори на прашањата од страна на компаниите и поединците. Поради неизвесноста околу „Brexit“, Даблин е позициониран како алтернатива за европските операции и на други компании.

Зишен Фероз, извршен директор на „Coinbase“ во Велика Британија, изјави дека „кога размислуваме каде да биде локацијата на нашата втора европска канцеларија, Даблин беше логичен избор – тоа е англиското говорно подрачје земја членка на ЕУ, која се одликува со разновидност на високо квалификувани професионалци, претприемачки дух и долгорочна поддршка за технолошките иновации“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП