Управата за јавни приходи ја објави најновата Листа на должници бр.10/2018 за долгови доспеани до 30.06.2018 и неплатени до 30.09.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
- повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
- повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници бр.10/2018 објавени се 2043 должници – правни лица (помалку за 135 од претходната листа) и 2062 физички лица (помалку за 20 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.10/2018 изнесува 9.757.688.639 денари, помалку за 521.445.483 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.728.920.195 денари (помалку за 521.335.029 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 28.768.444 денари (помалку за 110.454 денари од претходната листа).
Најновата Листа на должници бр.10/2018 можете да ја видите тука.