28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕд Ширан платил повеќе даноци од Starbucks и Amazon

Ед Ширан платил повеќе даноци од Starbucks и Amazon

Британската поп ѕвезда Ед Ширан платил повеќе даноци во земјата, отколку „Starbucks“ и „Amazon“, објави „The Sun“.

Компанијата на 27-годишниот изведувач „Ed Sheeran Ltd.“ ги објави своите финансиски извештаи во текот на викендот, од кои станува јасно дека нејзините приходи изнесуваат близу 36.3 милиони британски фунти (околу 41 милиони евра), а бруто добивка е во износ од 27,4 милиони фунти (31 милиони евра).

Тоа прави заработка од 75.000 фунти (85.000 евра) на ден, или по 3.125 фунти (над 3.500 евра) на час.

Авторот на хитови „Shape of You“ и „Sing“ платил во британската каса вкупно 5.29 милиони фунти, или околу 6 милиони евра – повеќе од британските поделби на „Starbucks“ (3.3 милиони фунти) и „Amazon“ (4.5 милиони фунти).

Нивниот обрт сепак е далеку поголем од оној на Ширан – околу 162 милиони фунти за синџирот кафитерии и над 2 милијарди кај интернет гигантот.

Според списанието „Forbes“, Ед Ширан веќе е најбогатиот соло изведувач во светот со богатство од 83 милиони фунти, претекнувајќи личности, како Тејлор Свифт и Кејти Пери.

Тој се искачи и со 62 позиции на листата на најбогатите личности и веќе го зазема деветтото место во друштво на спортистите од рангот на Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Во интервју за „ОК!“, сепак Ширан вели дека за него парите никогаш не биле мотивирачки фактор.

„Јас не придаваат големо значење на парите колку земам, толку и трошам. Голем дел од средствата одат за добротворни иницијативи во помош на неколку детски болници кои се наоѓаат во близина на местото каде што живеам“, вели тој.

„Располагам со доволно пари за да живеам нормално, со останатото помагам на другите луѓе“, објаснува британскиот музичар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП