18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДа навиваме за Македонија, за трета по ред победа во Лигата на...

Да навиваме за Македонија, за трета по ред победа во Лигата на Нации!

Фудбалската репрезентација на Македонија во сабота од 20:40 часот го игра натпреварот против Лихтенштајн, трет натпревар од новоформираната Лига на нации.

Пандев, Алиоски, Барди, Несторовски и другарите се фаворити против Лихтенштајн, се наоѓаме во добра форма, имаме одлични фудбалери и секако очекуваме победа против Лихтенштајн.

Мора да го добиеме овој меч. Но, пак велам дека ништо не е готово. И нема да е толку лесно, затоа што во фудбалот се е можно. Но, ние сме поквалитетни, ни се вратија Хасани и Адеми. Треба да имаме концентрација како на последните мечеви. Ако играме така, сигурно ќе победиме, изјави Алиоски.

Македонија на европско првенство во фудбал! Да, преку Лигата на нации возможно е и помалите земји да одат на големо натпреварување. Фудбалската федерација на Македонија ги повикува фановите да дојдат во што поголем број на Националната арена во сабота и да и дадат поддршка на нашата репрезентација.

Натпреварот меѓу Македонија и Лихтенштајн се игра на 13 октомври во 20:45 на „Филип Втори“ а билетите се пуштени во продажба по цена од 150 за северната и 100 денари за јужната трибина.

Денеска на плоштад Македонија од 17:00 до 19:00 часот, фотографирај се со РИСКО, означи ја Фудбалска Репрезентација на Македонија, постирај #АјдеНаСтадион и освои влезница за натпреварот #Македонија – Лихтенштајн од #NationsLeague.

#СегаЕНашеВреме

Ја победивме селекцијата на Гибралтар, па Ерменија на ред е Лиштенштајн!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП