Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Македонија го празнува 11 Октомври – Денот на антифашистичкото востание

Време: 11:03

Датум: октомври 11, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Седумдесет и седум години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна денеска во Република Македонија ќе бидат одбележани со повеќе настани организирани од Владата, Собранието, Сојузот на борците и општините Прилеп и Куманово.

По повод државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, владини и сораниски делегации ќе положат цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово.

Премиерот Зоран Заев денеска ќе ја предводи владината делегација која ќе оддаде почит и ќе положи свежо цвеќе на Спомен Костурницата во Куманово. Цвеќе ќе положат и пратениците Лидија Тасевска, Мирослав Јовановиќ и Иван Стоилковиќ.

Делегација на Владата предводена од вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и собраниска делегација составена од пратениците Кети Смилевска и Димитар Стевананџија денеска во Прилеп ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Споменикот на Методија Андонов – Ченто, на Споменикот на Кузман Јосифовски Питу и на Могилата на непобедените.

Како што соопшти владината прес-служба, делегација предводена од вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе на Споменикот на ослободителите на Скопје во дворот на Владата на Република Македонија. Во рамки на церемонијалното одбележување ќе се обратат претставници на борците од НОБ и министерката Шекеринска, а цвеќе ќе положат и пратеничките Снежана Калеска-Ванчева и Невенка Стаменковска.

Премиерот Зоран Заев синоќа во рамки на заедничкото чествување на државниот празник на градовите Прилеп и Куманово се обрати на манифестацијата што беше одржана пред Участакот во Прилеп.

Покрај премиерот Заев, свои обраќања имаа и градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јовановски и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Традиционално по повод празникот, во Собранието на Република Македонија денеска ќе биде врачена државната награда „11 Октомври“.

Добитници на наградата се проф. д-р Драги Михајловски, преведувач и писател, Ристо Лазаров, писател и новинар, Петре Арсовски, актер и проф. д-р Александар Ставридис, хирург – уролог.

Михајловски, Лазаров и Арсовски наградата ја добиваат за животно дело во областа на културата и уметноста, а Ставридис за животно дело во областа на здравството.

Организираното востание почна во 1941 година кога Првиот прилепски партизански одред го нападна бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.

Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.

За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети.

Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а потоа и како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година, Македонија, денес е полноправна членка на Обединетите нации, и е на пат кон евроатлантските интеграции. 

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Германија забележа рекорден буџетски вишок петта година по ред

    Германија забележа рекорден буџетски вишок петта година по ред

    И покрај големиот број проблематични сигнали за состојбата на најголемата европска економија, германската влада забележа рекорден буџетски суфицит од 58 милијарди евра (65,8 милијарди долари)…

  • Бабоски: Исплатени 16 милиони евра субвенции за сточарство

    Бабоски: Исплатени 16 милиони евра субвенции за сточарство

    Шестнаесет милиони евра за субвенции исплатени се за одгледувачите на обележани грла кози, овци, говеда и несилки. Изминатите денови заедно со исплатата на средствата за…

  • ЕУ бара 3,8 милиони нови работници, само во Германија повеќе од милион

    ЕУ бара 3,8 милиони нови работници, само во Германија повеќе од милион

    Европската Унија бара три милиони и 800 илјади работници, најмногу медицински лица, експерти и квалификувани работници од металната индустрија, како и лица на сферата на…

  • Град Скопје домаќин на вториот светски конгрес на претприемачи

    Град Скопје домаќин на вториот светски конгрес на претприемачи

    По повод вториот светски конгрес на претприемачи, кој ќе се одржи во Скопје, во втората половина на октомври 2019 година, делегацијата на светскиот конгрес на…

  • ЕЦБ: Нека не се избрзува со одлуките за нови заеми за банките

    ЕЦБ: Нека не се избрзува со одлуките за нови заеми за банките

    Претставниците на Европската централна банка ја одредуваат седницата во март како клучна, на која ќе се пресуди дали забавувањето во еврозоната е доволно одржлива, за…

  • Единаесет новозаболени од морбили, тројца хоспитализирани

    Единаесет новозаболени од морбили, тројца хоспитализирани

    Единаесет новозаболени од морбили се регистрирани вчера, од кои тројца се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, а останатите осум се амбулантски прегледани и пуштени…

  • Одржана работна средба за подготовка за Европскиот квиз на парите

    Одржана работна средба за подготовка за Европскиот квиз на парите

    Народната банка беше домаќин на работна средба со наставниците и професорите координатори од основните и средните училишта од земјава кои ќе учествуваат во Европскиот квиз…

  • ССК: Зголемување на трговската размена со Италија

    ССК: Зголемување на трговската размена со Италија

    Делегација на стопанственици од Италија на високо ниво допатува во нашата земја на директни средби со стопанственици од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК)…

  • ЕК: Италијанскиот буџет не може да го стимулира растот

    ЕК: Италијанскиот буџет не може да го стимулира растот

    Италијанскиот буџет за 2019-та година не содржи мерки, способни да го стимулираат економскиот раст на земјата, што ја претвора во „ризик за заразување“ за остатокот…

  • Северна Кореја има сѐ помалку храна

    Северна Кореја има сѐ помалку храна

    Северна Кореја предупреди дека се соочува со недостаток од храна од околу 1,4 милиони тони во 2019 година, односно дека е присилена речиси да ги…