Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Субвенции за граѓаните за купување електрични тротинети

Време: 11:14

Датум: октомври 10, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Советот на Град Скопје на денешната 19-та седница ќе расправа за поголем број одлуки, меѓу кои и Одлуката за определување максимален износ за доделување поединечна субвенција на граѓаните за купување електрични тротинети за 2018 година.

Градските власти информираат дека со оваа одлука е предвидено да се пренаменат дел од неискористените средства од субвенциите за велосипеди, во делот за велосипеди за лица со посебни потреби, каде заинтересираноста била послаба и дел од средствата предвидени за таа намена останале неискористени.

Со предложената одлука, Советот на Град Скопје го определува максималниот износ за доделување поединечна субвенција на граѓани за набавка на електрични тротинети за 2018 година во износ од 50 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 10.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

На денешната седница советниците ќе одлучуваат и за одлуката за одобрување на набавкa на патнички моторни возила, со што е предвидена набавка на шест еколошки-хибридни возила и едно транспортно возило за повеќе патници за потребите на градската администрација.

Советот на Град Скопје денеска ќе расправа и за давање согласност за промената на Статутот на jавната установа Универзална сала-Скопје, со која оваа институција го враќа стариот назив во Универзална сала.

Советниците ќе одлучуваат и за Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и општината Бутел за изградба на атмосферска канализциска мрежа, на потегот од булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ до реката Серава. Со оваа одлука се предвидува учество на Град Скопје во изградбата на атмосферска канализациска мрежа во Бутел, со што ќе се создадат услови за решавање на еден од важните комунални проблеми на жителите во овој дел од Скопје. Со оваа одлука е предвидено Град Скопје да учествува со 32.390.611 денари, а средствата да се издвојуваат од буџетите на Град Скопје за 2018, 2019 и 2020 година.

Советот на Град Скопје на денешната седница ќе решава и за две точки поврзани со работата на јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Со првата одлука се одобрува набавка на две специјални комунални возила за странично собирање и транспортирање на комунален отпад од статични контејнери со капацитет од 2.200 и 3.200 литри, за што се предвидени 24 милиони денари, како и набавка на статични контејнери за одлагање на комунален отпад со капацитет од 3.200 литри, за што се предвидени 40 милиони денари. Со втората одлука се пренаменуваат средства од Буџетот на Град Скопје, односно 3 милиони денари сега ќе бидат предвидени за набавка на опрема за стационарот „Вардариште“.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • УЈП во Аеродром ќе работи до 18 часот

    УЈП во Аеродром ќе работи до 18 часот

    Канцеларијата на Управата за јавни приходи (УЈП) во општина Аеродром почнувајќи од денеска до крајот на година ќе работи до 18 часот. Од УЈП соопштија…

  • Велика Британија може еднострано да се повлече од Брегзит

    Велика Британија може еднострано да се повлече од Брегзит

    Европскиот суд на правдата пресуди дека Обединетото Кралство може еднострано да ја повлече својата одлука за напуштање на Европската унија. Пресудата беше објавена пред утрешните…

  • Каде згреши Емануел Макрон?

    Каде згреши Емануел Макрон?

    Политика на францускиот претседател не успеа поради тоа што е лоша, регресивна политика, која најсилно ги погоди најсиромашните. Францускиот претседател Емануел Макрон нема да ја…

  • Трамп го зголемува буџетот за војската кога се најавува штедење во сите други сектори

    Трамп го зголемува буџетот за војската кога се најавува штедење во сите други сектори

    Американскиот претседател, Доналд Трамп, го поддржа планот според кој од Конгресот треба да се побараат 750 милијарди долари за војниот буџет за следната година, изјави…

  • Оваа недела би можела да биде клучна за брегзитот

    Оваа недела би можела да биде клучна за брегзитот

    Неделава би можела да биде клучна за судбината на брегзитот – во Брисел ќе има средба на челниците на земјите-членки, а во Стразбур ќе се…

  • САД најголем производител на оружје во светот, Русите ги поминаа Британците

    САД најголем производител на оружје во светот, Русите ги поминаа Британците

    САД остануваат убедливо најголемиот производител и продавач на оружје во светот, се наведува во најновиот извештај на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот. Во…

  • Облачно со температура до 10 степени

    Облачно со температура до 10 степени

    Времето ќе биде претежно облачно, уште од ноќта најпрвин на северозападот, а потоа и претпладне во поголемиот дел од земјата со повремени врнежи од дожд…

  • Трет Форум на добри компании

    Трет Форум на добри компании

    Улогата што бизнисите, институциите и социјалните претпријатија можат да ја имаат во трансформацијата на стариот економски систем е тема во фокус на новиот, трет по…

  • Македонцуте се гушат во екстремно загаден воздух

    Македонцуте се гушат во екстремно загаден воздух

    Цела Мекедонија се гуши во загаден воздух. Викендов мерните станици повторно покажуваат висока концентрација на ПМ10 честички. Граѓаните од ден на ден се повеќе се…

  • Париски хаос во 20 слики: Демонстрантите палат, полицијата фрла солзавци(фото)

    Париски хаос во 20 слики: Демонстрантите палат, полицијата фрла солзавци(фото)

    На протестите на “Жолтите елеци” утринава во Париз 514 луѓе беа сопрени и испрашувани, а речиси 300 од нив беа уапсени. Полицијата фрлаше солзавец на…