Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Глобалниот долг се зголеми на рекордни 182 илјади милијарди долари

Време: 11:02

Датум: октомври 10, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Нивото на глобалниот долг достигна рекордни 182 илјади милијарди долари во 2017-та година, зголемувајќи се за 50 отсто во текот на една деценија. Меѓутоа, сликата се чини дека е уште „помрачна“ кога се размислува за јавни средства, објави Меѓународниот монетарен фонд.

„ММФ“ го претстави својот шестмесечен фискален извештај со нова база на податоци, која покажува значително нето богатство стекнато во 31 земја кои формираат 61% од глобалното економско производство.

Средствата во овие земји се во вредност од околу 101 илјади милијарди долари, или два пати над нивниот БДП, со нешто повеќе од половина од средствата на јавните претпријатија, и само половина од средствата во природните ресурси, како што се нафтените или минералните ресурси.

„Кога владите ќе ја сфатат големината и природата на јавните средства, тие можат да почнат да ги менаџираат поефикасно“, се вели во извештајот на организацијата. „Потенцијалните придобивки од подобро управување со средствата се значајни“.

Фондот вели дека придобивките од приходите од нефинансиските јавни претпријатија и државните финансиски средства може да достигнат 3% од БДП-то секоја година, што е еквивалентно на годишните приходи од корпоративните даноци во развиените економии.

Во исто време ММФ нагласува дека во последните шест месеци се појавиле ризици пред глобалниот финансиски систем и тие можат да се зајакнат, ако притисокот на растечките пазари ескалира или глобалните трговски односи се влошат уште повеќе.

Фондот истакнува дека доколку банкарскиот систем бил зајакнат од регулаторите во деценијата од глобалната финансиска криза во 2008-та година, олеснувањата во финансиските услови придонесуваат за акумулација на пропусти, на пример високи нивоа на долгот или „прекумерните“ проценки на имотот.

Новите режими за спасување на банките, кои се дизајнирани да ги избегнат идните банкроти, во голема мера се непроверени.

„Краткорочните ризици за глобалната финансиска стабилност малку се зголемија“, велат од ММФ. „Севкупно, учесниците на пазарот се чини дека се безгрижни за ризикот од остри затегнувања на финансиските услови“, стои во соопштението.

Директорот за пазарите на капитал во „ММФ“, Тобиас Адријан изјави дека потенцијалните шокови за системот може да се случат во многу форми, на пример повисока од очекуваната инфлација, која ќе предизвика акутен скок на каматните стапки или „хаотично“ излегување на Велика Британија од Европската унија.

Моќта на влијанието од овие шокови ќе биде одредена од слабостите, вклучувајќи ги растечките нивоа на нефинансискиот долг кој сега надминува 250% од БДП-то, влошување на стандардите за отпишување надворешниот традиционален банкарски сектор и повисоките цени на средствата кои можат брзо да се намалат.

Брзото зголемување на долгот во Кина во последниве години, исто така, претставува загриженост, иако кинеските власти презедоа чекори за намалување на растот на долгот“, рече Тобиас.

Според извештајот на ММФ, економскиот раст јасно го достигна својот врв во некои големи економии, додека јазот помеѓу развиените и пазарите во развој се шири. ММФ во вторникот ја намали глобалната прогноза за раст, главно поради трговската војна меѓу САД и Кина и растечките финансиски тешкотии на пазарите во развој.

САД продолжи да расте силно и Федералните резерви ги зголемија каматните стапки по седми пат во последните осум квартали во септември. Берзите исто така се на рекордни нивоа.

Ова е спротивно на забавувањето во еврозоната и Јапонија. Економијата во Кина, исто така, покажува знаци на умерен раст, главно поради тензиите со САД.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Германија забележа рекорден буџетски вишок петта година по ред

    Германија забележа рекорден буџетски вишок петта година по ред

    И покрај големиот број проблематични сигнали за состојбата на најголемата европска економија, германската влада забележа рекорден буџетски суфицит од 58 милијарди евра (65,8 милијарди долари)…

  • Бабоски: Исплатени 16 милиони евра субвенции за сточарство

    Бабоски: Исплатени 16 милиони евра субвенции за сточарство

    Шестнаесет милиони евра за субвенции исплатени се за одгледувачите на обележани грла кози, овци, говеда и несилки. Изминатите денови заедно со исплатата на средствата за…

  • ЕУ бара 3,8 милиони нови работници, само во Германија повеќе од милион

    ЕУ бара 3,8 милиони нови работници, само во Германија повеќе од милион

    Европската Унија бара три милиони и 800 илјади работници, најмногу медицински лица, експерти и квалификувани работници од металната индустрија, како и лица на сферата на…

  • Град Скопје домаќин на вториот светски конгрес на претприемачи

    Град Скопје домаќин на вториот светски конгрес на претприемачи

    По повод вториот светски конгрес на претприемачи, кој ќе се одржи во Скопје, во втората половина на октомври 2019 година, делегацијата на светскиот конгрес на…

  • ЕЦБ: Нека не се избрзува со одлуките за нови заеми за банките

    ЕЦБ: Нека не се избрзува со одлуките за нови заеми за банките

    Претставниците на Европската централна банка ја одредуваат седницата во март како клучна, на која ќе се пресуди дали забавувањето во еврозоната е доволно одржлива, за…

  • Единаесет новозаболени од морбили, тројца хоспитализирани

    Единаесет новозаболени од морбили, тројца хоспитализирани

    Единаесет новозаболени од морбили се регистрирани вчера, од кои тројца се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, а останатите осум се амбулантски прегледани и пуштени…

  • Одржана работна средба за подготовка за Европскиот квиз на парите

    Одржана работна средба за подготовка за Европскиот квиз на парите

    Народната банка беше домаќин на работна средба со наставниците и професорите координатори од основните и средните училишта од земјава кои ќе учествуваат во Европскиот квиз…

  • ССК: Зголемување на трговската размена со Италија

    ССК: Зголемување на трговската размена со Италија

    Делегација на стопанственици од Италија на високо ниво допатува во нашата земја на директни средби со стопанственици од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК)…

  • ЕК: Италијанскиот буџет не може да го стимулира растот

    ЕК: Италијанскиот буџет не може да го стимулира растот

    Италијанскиот буџет за 2019-та година не содржи мерки, способни да го стимулираат економскиот раст на земјата, што ја претвора во „ризик за заразување“ за остатокот…

  • Северна Кореја има сѐ помалку храна

    Северна Кореја има сѐ помалку храна

    Северна Кореја предупреди дека се соочува со недостаток од храна од околу 1,4 милиони тони во 2019 година, односно дека е присилена речиси да ги…