18 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИМилијардер купи удел во Starbucks

Милијардер купи удел во Starbucks

Фондот на Вилијам Акман добил удел од 1,1% од капиталот на „Starbucks“, информира „The Wall Street Journal“. Милијардерот го направи овој черкор, верувајќи дека гигантот ќе закрепне од заминувањето на долгогодишниот лидер Хауард Шулц.

Акман ја објави инвестицијата на неговиот фонд „Pershing Square Capital Management“ за време на конференцијата во Њујорк каде што тој се појави на сцената со ладниот чај на „Starbucks“.

Според него, во следните три години цената на компанијата може да се удвои, бидејќи во последно време постои пад, во позадина на промената на менаџментот, по најслабиот раст од очекуваното, како и намалените прогнози за наредните квартали.

Фондот на Акман купи 15,2 милиони акции по просечна цена од 51 долари за акција во последниве месеци. Тоа значи дека тој веќе има скромен профит, бидејќи вчера хартиите од вредност достигнаа цена од 57,71 долари.

За време на презентацијата Акман наведува дека и покрај планираното затворање на 150 локации на „Starbucks“ во САД во 2019-та година, постојат можности и за отворање на нови во Среден Запад и во јужните држави на земјата.

Основниот раст во следните години, според него, ќе дојде од Кина, каде инвеститорот очекува двојно побрз раст на продажбата, отколку за компанијата како целина.

Токму таму компанијата се очекува да го удвои својот број на објекти до 6.000 во наредните 4 години, но многу се залага и на партнерството со „Ele.me“ на „Alibaba“, преку која ќе се увезат храна и пијалоци во најбројната држава во светот.

Акман е познат со своите инвестиции и во неколку компании од сферата на „фаст фуд“ индустријата, како акциите на „Restaurant Brands International Inc.“, која го поседува „Burger King“, како и „Chipotle Mexican Grill“, кои пријавиле раст од 70 и 55%, откако тој ги објави вложувањата во нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП