1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој ќе има корист од трговската војна меѓу САД и Кина?

Кој ќе има корист од трговската војна меѓу САД и Кина?

Британските банки може да профитираат од трговската војна помеѓу САД и Кина, прогнозира една од најголемите банки во светот.

Запрашан дали американските банки ќе добијат помали можности за пристап до пазарот во Кина, во позадина на тензиите меѓу двете земји, претседателот на Одборот на директори на „Barclays“, Гери Гримстоун посочува: „Мразам да го кажам тоа, но мислам дека е точно така“.

Ако Кина цели да ги „погоди“ американските банки на тој начин, британските институции ќе имаат предност пред своите колеги од САД за работа во втората по големина економија во светот, вели тој за „CNBC“ за време на годишниот азиски форум во Сингапур.

„Неодамна зборував на друг форум каде кинеската страна го беше распоредила претставникот на „Goldman“ што е можно подалеку од местото на одржување на конференцијата. Затоа мислам дека тоа покажува одредена неподготвеност да работат со американски банки до одреден степен“, додава тој.

Сепак, „Goldman Sachs“ за „CNBC“ не ги коментираше коментарите на Гримстоун.

Банкарот, кој освен тоа е во управата и на друга голема британска банка – „Standard Life Aberdeen“, смета дека проблемите меѓу Кина и САД може да траат со години и да не се најдат решенија толку брзо, колку што се посакува.

„Кина веќе работи со хоризонтот 2049-та година. Тоа навистина се многу години, а и малку земји во светот работат со таков долг рок. Како што знаеме, во 2049-та година ќе се слават 100 години од основањето на Народна Република Кина и целта е дотогаш економијата на земјата да го заземе првото место, така што ќе ја претекне токму Америка“, прецизира тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП