4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКој вели дека Cayenne не е теренско возило?

Кој вели дека Cayenne не е теренско возило?

cayen

Во „Porsche“ им стана здодевно да слушаат дека нивниот „SUV“ модел не е предвиден за сериозно теренско возење, па затоа во пустелиите на Карпатите испратија караван кој се состоеше од десетина примероци на моделот „Cayenne S Diesel“.

„Porsche Cayenne“ има репутација на урбан кросовер чија основна намена е да парадира по градските улици или да вози по автопатите.

cayen1

За на јавноста да и ги разбијат овие предрасуди за овој автомобил, германскиот производител одлучи својот монденски „SUV“ малку да го извалка и да го стави пред сериозен „off-road“ тест.

Како дестинација беше избран планинскиот масив Карпати, а патот водеше од Кишињев во Молдавија до главниот град на Словачка, Братислава.

cayen2

Фотографиите покажуваат дека возачите не го штедеа „Cayenne“.

Овој модел на „Porsche“ беше возен по ридски земјени и лоши патишта, низ бари, потоци и други природни препреки.

cayen3

„Cayenne S Diesel“ имаше премиера во Париз 2012-та година. Го придвижува 4.2 литарски V8 мотор кој развива 281 kW/382 ks и располага со максимален вртежен момент од дури 850 Nm.

Возилото е во состојба да забрза од 0 дo 100 km/h за 5.7 секунди и да достигне максимални 252 km/h, a како што може да се види на фотографиите може да се впушти и во тешко „off-road“ возење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП