Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,997.21 2.49%    GRNT 860.00 3.42%    KMB 5,200.05 -0.07%    MPT 62,913.00 1.19%    OKTA 4,656.38 -0.08%    PPIV 41,102.00 0%    RMDEN10 98.00 -1.8%    RMDEN17 98.30 0%    SBT 2,350.00 -6%    SKP 54,000.00 0%    STB 1,012.09 -0.05%    TEL 290.00 0%    TKVS 5,350.00 -0.03%    TNB 15,499.05 -0.01%    UNI 2,067.06 -2.95%    

Opel ќе претстави осум нови или освежени модели до 2020 година

Време: 08:59

Датум: октомври 10, 2018

Категорија: АВТОБИЗ

  • Посилна ориентација кон клиентот
  • Фокус на сегментите со голема продажба и сегменти што брзо растат со три клучни фактори до 2020 година: новата Corsa, Vivaro и наследникот на Mokka X
  • Усогласеност на СО2 со најсовремената технологија: четири електрифицирани возила до крајот на 2020 година; 100 проценти електрификација до 2024; дополнително подобрени мотори со внатрешно согорување

Риселсхајм. Opel продолжува да го исполнува PACE! Планот за офанзива на производи што ги задоволуваат потребите на потрошувачите и да обезбедат усогласеност со драстичните европски насоки за CO2 кои ќе станат ефективни во 2020 година. Идното портфолио ќе обезбеди одржлива и успешна иднина и за компанијата и за нејзината дилерска мрежа. Од почетокот на 2019 година до крајот на 2020 година, компанијата ќе претстави осум нови или освежени модели, инвестирајќи главно во сегментите што носам поголема продажба и во профитабилните сегменти. Дотогаш, Opel ќе понуди еден од најновите портфолија на сите производители.

Со PACE! планот, Opel јасно се посвети на понудување на барем еден нов модел на пазарот секоја година. Само во 2019 година, Opel ќе ја промовира новата генерација на најпродаваната Corsa, и наследникот на успешните Vivaro како LCV и варијантите на патнички автомобили. Дополнителните варијанти и верзии на опременост на Combo исто така ќе бидат во продажба, со што значително ќе се обнови LCV портфолиото. Наследникот на многу популарната Opel Mokka X ќе следи во 2020 година и ќе игра клучна улога за стратегијата за проширување на процентот на продажбата на SUV сегментот на компанијата на 25 до 40 проценти до 2021 година.

“Opel оди електрично” беше една од обврските што ги превзема компанијата во ноември 2017 година како дел од својoт PACE! план. Книгите за нарачки ќе бидат отворени  до летото 2019 за новата Corsa со пет седишта и Grandland X PHEV кои ќе се произведуваат во Ајзенах. До крајот на 2020 година, Opel ќе има вкупно четири електрифицирани модели на понуда, обезбедувајќи големо задоволство при возењето и ќе ја трансформира побарувачката на е-автомобил од имиџ до бројки во продажбата. До 2024 година, ќе има електрифицирана верзија на секој модел на Opel. Компанијата ќе направи многу интересни понуди, и технички и економски, и ќе ја демократизира електромобилноста, со понатамошно подобрување на своите мотори со внатрешно согорување.

За да придонесат кон усогласеноста со барањата за CO2 и да се фокусираат на сегментите со голема продажба, Opel ADAM, KARL и Cascada нема да бидат заменети по завршувањето на нивниот животен циклус, но ќе останат во продажба до крајот на 2019 година. Со новото портфолио, Opel ќе продолжи да опфаќа околу 80 отсто од главниот пазар во 2020 година – со значително поголема ефикасност и ориентација кон клиентите, истовремено намалувајќи ја сложеноста.

“Во контекст на драстичнитe норми за CO2, нашата одговорност е да формираме одржлива иднина за нашата компанија и нашите дилери со високо конкурентно портфолио за патнички и лесни комерцијални возила. Opel ќе понуди забавно возење и емотивно дизајнирани модели, вклучувајќи високо конкурентни лесни комерцијални возила, како што се новите Combo и Vivaro. Корисниците ќе имаат корист од широкото воведување на иновативни технологии и достапната електрификација “, вели Михаел Лохшелер, извршниот директор на Opel. “Најновите награди – како IVOTY 2019 за нашиот Combo – покажуваат дека сме на вистинскиот пат”.

Германскиот производител со речиси 120 годишна автомобилска традиција ги користи платформите на Groupe PSA и иновативните технологии за погон за сите нови модели. Opel годинава импресивно ја покажа својата ефикасност: целото портфолио беше и е целосно достапно кај дилерите на време за транзиција кон новиот светски стандард за хармонизирани лесни возила (WLTP). Покрај тоа, Opel е веќе целосно подготвен за новиот стандард за емисија на Euro 6d-TEMP и нуди 127 модели на патнички автомобили кои ги исполнуваат условите кои ќе стапат на сила за сите ново регистрани возила во септември 2019 година. “Нашата посветеност кон Euro 6d-TEMP е дел од нашата стратегија да станеме лидер во намалувањето на емисиите кај возила и клучен столб на нашиот пристап кон клиентот. Кој и да купи нов Opel сега не смее да се плаши од забраната за градско возење од денешна перспектива “, вели Лохшелер.

 

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Гладни за секоја кривина: Претставени новиот Porsche 718 Spyder и 718 GT4

    Гладни за секоја кривина: Претставени новиот Porsche 718 Spyder и 718 GT4

    Семејството 718 ги поздравува новите членови: со новиот 718 Spyder и 718 Cayman GT4, Porsche воведува два посебно емотивни и моќни модели подготвени да го…

  • Huawei планира до 2022 година да претстави автомобил кој самостојно ќе вози со помош на вештачка интелегенција

    Huawei планира до 2022 година да претстави автомобил кој самостојно ќе вози со помош на вештачка интелегенција

    Huawei има намера најдоцна во 2022 година да претстави автомобил кој самостојно ќе вози со помош на вештачка интелегенција. Компанијата Huawei работи со европски, јапонски и…

  • Tesla има спремен дизајн за авто-подморница

    Tesla има спремен дизајн за авто-подморница

    На годишниот состанок на акционерите на компанијата Tesla, кој бил одржан вчера, Илон Маск одговарал на прашања. Меѓу стандардните прашања за новите модели (прототип на…

  • Новиот T-Cross доби пет ѕвезди во Euro NCAP тестовите(фото)

    Новиот T-Cross доби пет ѕвезди во Euro NCAP тестовите(фото)

    Не може да биде подобар. Најновиот член на семејството Volkswagen сега се закити со пет ѕвезди. Новиот T-Cross извонредно се покажа во реномираниот тест за…

  • Како брзо да го разладите автомобилот во текот на голема топлина

    Како брзо да го разладите автомобилот во текот на голема топлина

    Седењето во пеколно топол автомобил не само што е многу непријатно, туку може да биде опасно за здравјето. Без разлика дали имате клима уред или…

  • БМВ се спојува со Јагуар ланд ровер

    БМВ се спојува со Јагуар ланд ровер

    Германската компанија БМВ се спојува со најголемиот произведувач на автомобили во Велика Британија, Јагуар ланд ровер (ЈЛР), пишува лондонски „Гардијан“. Гигантите се одлучија да го…

  • Рено ги одложи разговорите за соединување со Фиат Крајслер

    Рено ги одложи разговорите за соединување со Фиат Крајслер

    Француската автомобилска компанија „Рено“ денеска ги одложи разговорите за соединување со италијанско – американската компанија „Фиат Крајслер“ (ФЦА), иако Управниот одбор на „Рено“ вчера, по…

  • Новиот Rolls Royce во чест на првиот прекуокеански лет

    Новиот Rolls Royce во чест на првиот прекуокеански лет

    Rolls Royce неодамна го претстави новиот модел Rolly Royce Wraith Eagle VIII, во чест на првиот непрекинат прекуокеански лет и хероите кои имале доволна одлучност и…

  • FT: Nissan ќе биде воздржан на гласањето за спојување со Fiat

    FT: Nissan ќе биде воздржан на гласањето за спојување со Fiat

    Двајцa претставници на Nissan во одборот на директори на Renault групата ќе бидат воздржани за време на гласањето по предлогот за спојување на францускиот производител и…

  • Преполовено производството на автомобили во Британија

    Преполовено производството на автомобили во Британија

    Производството на автомобили во Велика Британија во април било речиси преполовено, бидејќи фабриките се обидувале да се справат со неизвесните последици од Брегзит. Иако Европската…