
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека Турција повеќе нема намера да зема кредити од Меѓународниот монетарен фонд.


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека Турција повеќе нема намера да зема кредити од Меѓународниот монетарен фонд.
„На денешна Турција не и` се потребни позајмици или техничка поддршка од Меѓународниот монетарен фонд“ рекол Ердоган, пренесе Тас, повикувајќи се на турската агенција „Анадолија“.
Тој нагласил дека темата за земање кредити од ММФ е затворена за секогаш.
Турција, последните долгови кон ММФ ги подмири во 2013 година, а нови дискусии на таа тема се покренати по падот на домашната валута-туркста лира, во август поради тензии во односите со САД, откако Вашингтон воведе царини на увоз на челик и алуминиум од Турција.