2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговските разговори ЕУ-САД се забрзуваат

Трговските разговори ЕУ-САД се забрзуваат

Се чини веројатно дека ќе има нов поттик за трговските преговори меѓу Европската унија и САД.

По вчерашната средба министрите за трговија на ЕУ ветија дека ќе постигнат брз и ограничен во големина трговски договор со САД во обид да избегнат закана од нови, повисоки царини за увоз на автомобили.

Американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер се договорија во јули да не воведуваат за моментов 25-процентни царина за увозот на автомобили, додека продолжуваат преговорите за укинување и на другите пречки за билатералната трговија.

„По средбата на Трамп и Јункер постојат јасни сигнали за желба за соработка“, истакна австрискиот министер за економија Маргарете Шрамбок, според која Европа треба да остане „обединета и силна“, соопштува „Bloomberg“.

Претходно, германскиот министер за економија Питер Алтмајер претходно изјави дека Вашингтон и Брисел треба брзо да ја формулираат својата цел за намалување на трговските бариери.

„Имаме голем интерес за брзо спроведување на заедничката изјава на претседателот Јункер и претседателот Трамп“, рече тој, цитиран од „Ројтерс“. „Намалувањето – не зголемувањето на царинските давачки и трговските ограничувања мора да бидат нашата цел“, додаде тој.

Во исто време, САД можеби веќе ја пронајде формулата што треба да ја искористи за идниот договор со ЕУ.

Администрацијата на Трамп сака да ги забрза трговските преговори со други земји, користејќи го новиот договор со Канада и Мексико како дефиниција за своите нови односи, пишува „Wall Street Journal“.

Трговскиот претставник на САД, Роберт Лајтизер го утврди новиот северноамериканскиот договор како „менување на парадигмателниот модел“ на американската политика, која праќа порака до американските трговски партнери.

За Вашингтон, трговските договори нема да бидат само начин да се искористи глобалниот синџир на набавки за американските корпорации. Наместо тоа, приоритет ќе им се даде на построгите стандарди за увоз на стоки во САД, во обид да се поттикне домашното производство.

Основниот принцип, како што го опиша Трамп при претставувањето на новиот северноамериканскиот договор, е оној дека трговските партнери треба да гледаат на трговијата со САД како на „привилегија“. Пристапот до американскиот пазар ќе стане се повеќе зависен од земјите кои ги усвојуваат американските правила и стандарди, почнувајќи од интелектуалната сопственост до повисоките плати, објави весникот.

Следното поголемо тестирање на трговската политика на американската администрација ќе биде Јапонија и Европската унија, кои неодамна започнаа разговори со Вашингтон за новите трговски договори. Сепак, останува нејасно дали САД ќе можат да ги повторат условите на новиот договор во Северна Америка на друго место.

САД беше во можност да влијае на Канада и Мексико со своите закани да го укинат договорот од речиси четврт век од кој економијата на земјите веќе е зависна. Сепак, ЕУ и Јапонија немаат таков постоечки договор со САД, и тие имаат помалку да изгубат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП