19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за септември 2018

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за септември 2018

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.09.-30.09.2018 година вкупниот промет изнесувал 483.521.117 денари и е зголемен во однос на август за 3,14 отсто. 

Класичното тргување изнесува 353.818.953 денари и е зголемено во однос на август за 40,05 отсто кога изнесувало 252.634.347 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 346.276.111 денари и обврзници во вредност од 7.542.842 денари.

Блок трансакциите за септември изнесувале 129.702.164 денари и се намалени за 40,00 отсто во однос на август.

Бројот на трансакции во септември изнесувале 1.827 и се зголемени за 25,14 отсто во однос на август кога изнесувале 1.460.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за септември се на Комерцијална банка, следи Макпетрол АД Скопје, и Алкалоид АД Скопје е на трето место.

Месечниот статистички билтен за септември 2018 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП