29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатите луѓе во светот зaгубија 63 милијарди долари за еден ден

Најбогатите луѓе во светот зaгубија 63 милијарди долари за еден ден

Општото богатство на 500-те најбогати луѓе во светот вчера е намалено најмногу за последните шест месеци, според индексот на милијардери на „Bloomberg“.

Богатството на најбогатиот човек во Европа – Бернар Арно, се намали за околу 3,5 милијарди долари, и тој беше најголем губитник според индексот. Богатството на основачот на најголемата компанија за луксузни стоки во светот „LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton SE“ веќе се проценува на 73.5 милијарди долари.

Браќата Ален и Жерар Вертхајмер кои го поседуваат „Chanel“, загубија 775 милиони долари, додека Франсоа Пино,  сопственикот на „Gucci“ – „Kering“, стана посиромашен за 1,6 милијарди долари.

Исто така, не беа поштедени технолошки тајкуни. Џеф Безос од „Amazon.com Inc.“, Марк Цукерберг од „Facebook Inc.“, Бил Гејтс од „Microsoft Corp.“ и ко-основачите на „Alphabet Inc.“ Лери Пејџ и Сергеј Брин кои загубија вкупно 8.4 милијарди долари.

Ворен Бафет, кој е третиот најбогат човек во светот, е единствениот милијардер во Топ 10, кој го заврши вчерашниот ден побогат. Неговото богатство се зголеми за 1,2 милијарди долари или на 90 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП