4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајстариот активен торент-фајл наполни 15 години

Најстариот активен торент-фајл наполни 15 години

Торент-датотеките одамна станаа омилено средство за онлајн корисниците, односно веќе речиси две децении се користат за споделување фајлови. Меѓу нив има и такви кои во сајбер-просторот успеваат да се задржат прилично долго, па TorrentFreak неодамна објави дека најстариот фајл од овој тип прослави 15 години од постоењето. Станува збор за торент од краток филм кој се базира на култната трилогија „Матрикс“ и го носи името „Фаниматрикс“.

Во 2003 година филмот бил направен од група пријатели од Нов Зеланд, кои со буџет од само 800 долари го завршиле проектот за девет дена. Себастијан Каи Фрост, задолжен за ИТ во рамките на овој мини филмски проект, изјавил дека успеале конечниот фајл да го намалат на 150 мегабајти, односно дека хостингот бил премногу скап во тоа време, па така набрзо дознале за сервисот „Бит торент“, на кој фајлот го поставиле на 28 септември 2003 година.

Фајлот потоа била преземен 70 000 пати за само една недела. Така, филмската екипа во текот на годините заштедила околу 550 илјади долари, кои досега би ги потрошила на хостинг, благодарение на „Бит торент“, кој оттогаш го чува нивниот дебитантски труд.

Затоа Фрост планира да ја освежи веб-страницата на филмот и на неа да го постави торентот, со цел тој што е можно подолго да се задржи во интернет-просторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП