28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнис економистите во САД очекуваат нова рецесија до крајот на 2020-та

Бизнис економистите во САД очекуваат нова рецесија до крајот на 2020-та

Две третини од бизнис економистите во САД очекуваат нова рецесија да започне до крајот на 2020-та година, а во исто време мнозинството од нив, исто така, наведуваат дека трговската политика претставува најголем ризик за економскиот раст. Ова е јасно од студијата на американската Национална асоцијација за бизнис-економисти, цитирана од „Bloomberg“.

Според податоците собрани од 51 економисти, 10% од нив сметаат дека периодот на стагнација ќе започне уште во 2019-та година. Од нив 56% очекуваат тоа да се случи до 2020-та година, а 33% се залагаат за 2021-ва година.

Во исто време 41% од испитаниците рекле дека најголем ризик за економијата во моментов претставува деловната политика, проследенa со 18% од високите каматни стапки и евентуалниот позначителен пад на берзите или нестабилноста.

Економскиот раст, кој во мај стана втор по продолжението во историјата, се уште изгледа одржлив без присуството на големи предупредувачки сигнали, а во исто време претставниците на ФЕД ја зголемија прогнозата за раст за оваа и следната година.

Ако серијата се задржи, во средината на 2019-та година таа ќе стане најдолгата во историјата на САД, базирана на податоците од Националната служба за економски истражувања, кои се собираат од 1850-та година.

Но, и покрај нивните грижи за трговијата, економистите се пооптимистични за економијата во оваа година. Нивната следна прогноза за раст на бруто-домашниот производ (БДП) со прилагодената инфлација достигна 2,9% од 2,8% во претходното истражување во јуни. Во исто време, очекувањата за 2019-та година остануваат на 2,7%.

Според 33% од испитаниците, даночната реформа има најголем потенцијал за зголемување на економските перформанси, 27% сметаат за растот на платите, а 10% укажуваат на силен глобален раст.

Во меѓувреме, ФЕД во својата изјава минатата недела укажаа дека „ризиците за економските изгледи се чини дека се релативно избалансирани“. Тие, исто така, ги зголемија очекувањата за раст во 2018-та година на 2,5% од 2,4%. Тие, исто така, ја зголемија основната каматна стапка за една четвртина базна точка до опсег од 2-2,25% – третиот пораст во оваа година.

Економистите во студијата на Националната асоцијација исто така очекуваат уште еден раст до крајот на оваа година, како и три нови во 2019-та година, во согласност со прогнозите на централните банкари. Нивните очекувања се за просечен целен опсег од 2.375%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП