5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBugatti призна дека размислува за SUV модел

Bugatti призна дека размислува за SUV модел

Директорот на „Bugatti“, Штефан Винкелман призна дека францускиот производител размислува да влезе во сегментот на „SUV“ возила.

Винкелман најавува дека „Bugatti“ наскоро ќе ја прошири својата линија на модели, но повеќе во центарот на вниманието не е седанот, за кој со години се зборуваше.

Сега раководствотона „Bugatti“ се обидува да ги убеди своите акционери да одобрат производство на првиот „SUV“ во историјата на компанијата.

„Bugatti“ е дел од групацијата „Volkswagen“ која агресивно вложува во електричните и автономните возила, но не е ограничена само на тој сегмент.

„Брендот е подготвенза повеќе. „W-16“ моментално е нашето „срце“, но нема да остане така засекогаш“, вели Винкелман.

Седаните повеќе не се популарни, иако седна со „W-16“ агрегат со сигурност би се продавал, но „Bugatti“ кросовер или „SUV“ модел со сигурност подобро би поминал на пазарот.

Најдобар показател за тоа се конкурентите „Bentley“, „Rollce-Roys“ и „Lamborghini“ кои исто така влегоа во овој сегмент, а наскоро ќе им се приклучат и „Aston Martin“ и „Ferrari“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП