27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Таткото“ на Ikea остави наследство од 119,7 милиони евра

„Таткото“ на Ikea остави наследство од 119,7 милиони евра

Основачот на „Ikea“ кој почина во јануари, Ингвар Камграм остави приватни средства од околу 1,24 милијарди шведски круни (околу 119,7 милиони евра). Ова е многу повеќе од износот што се очекуваше досега, објавија неколку шведски медиуми, кои пак се повикуваат на шведските даночни власти.

Како наследници во тестаментот се споменуваат синовите на Кампрад, Џонас (52 години), Матијас (49 години) и Петер (54 години), како и неговата посвои ќерка Аника (60 години). Секој од нив треба да добие 150 милиони круни (околу 14,5 милиони евра). Преостанатите средства ќе бидат донирани преку Фондацијата за едукација и промоција на бизнисот во шведскиот регион – Норлад.

Неговите три сина, исто така, ќе наследат две полиси за осигурување на капиталот, но не е јасно колку се вредни. Приватното богатство не содржи само пари, но и уметнички предмети, порцелан, керамика и други предмети вредни 3,7 милиони круни (околу 360.000 евра), пишува шведскиот весник „Expressen“.

Сепак, наследниците мора да почекаат малку пред да им бидат исплатени парите, бидејќи некои од средствата се инвестираат во акции и средства кои прво мора да се продадат. Според „Expressen“, ова може да се случи до крајот на годината или дури на почетокот на следната година. Тогаш и фондацијата ќе ги добие парите.

Патем сопружниците на децата нема да имаат корист директно од наследството, бидејќи во тестаментот постои клаузула која исклучува тие да добијат пари во случај на смрт или развод од потомците на Кампрад.

Основачот на „Ikea“ се сметаше за еден од најбогатите луѓе во светот. Уште додека беше жив се сметаше дека неговото наводно вкупно богатство изнесува околу 469 милијарди круни (околу 45,3 милијарди евра) – во голема мера поврзано со компанијата „Ikea“ и семејната фондација.

И иако редовно присуствува на скалилото на магазинот „Forbes“ за најбогатите луѓе во светот, а во 2010-та година неговото богатство беше оценето на 23 милијарди долари, Ингвар Кампрад е познат по својата штедливост. Со избледениот капут, темните диоптрични очила и истрошените чевли, Швеѓанецот изгледаше како едноставен пензионер што живеел од пензија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП