3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо кои земји туристите ги трошат своите пари

Во кои земји туристите ги трошат своите пари

Денешната мапа на HowMuch.net ги селектира земјите низ светот врз основа на меѓународни туристички сметки во 2017 година, користејќи податоци од Светската туристичка организација.

ТОП ТУРИСТИЧКИ ДЕСТИНАЦИИ

Еве ги најдобрите земји во светот за туризам, врз основа на вкупните потрошени пари:

Податоци се засновани на меѓународен туризам; не вклучува меѓудржавен туризам (т.е. семејно патување од Сиетл до Хаваи)

На врвот е САД со 210,7 милијарди долари потрошени од страна на 74,7 милиони туристи, или околу 2,819 американски долари по лице во 2017 година. Земјата може да се пофали со атракции како Големиот Кањон, Дизниленд, Статуата на слободата, плажите на Хаваи или Калифорнија или Јелоустоун Националниот парк, и највисоко оценетата атракција Централ Парк во Њујорк.

Следно, Европа има прилично импресивно присуство. Шпанија (68 милијарди долари) и Франција (61 милијарди долари) кои доаѓаат на # 2 и # 3 соодветно, и земји како Обединетото Кралство (51 милијарди долари), Италија (44 милијарди долари) и Германија (40 милијарди долари) ги завземаат првите шест места.

Макао ги надмина Хонг Конг и Кина како главна дестинација за “туристичките долари”.

ДОЛАРИ ПО ПОСЕТИТЕЛ

Ако ги земеме меѓународните туристички сметки и ги поделиме според бројот на посетители за секоја земја, ќе видиме уште една интересна статистика: долари потрошени по посетител.

Земја како Австралија не е само масивна – но исто така е далечна за многу посетители. Туристите кои патуваат до дестинација како Австралија ретко се појавуваат за една или две ноќи, туку поверојатно е да поминат подолг временски период на одмор.

 

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП