13 октомври, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMarriott ги зголемува своите хотели во Африка за 50% до 2023-та

Marriott ги зголемува своите хотели во Африка за 50% до 2023-та

Хотелиерскиот синџир „Marriott International“ планира да го зголеми бројот на хотели во Африка за 50% во наредните пет години, откако ќе отвори нови објекти на пазарите во кои веќе оперира, и влезе во нови како Мозамбик, соопшти компанијата, цитирана од светските агенции.

Глобалните хотелски синџири ги зголемуваат инвестициите во Африка во последните години, за да имаат корист од брзо растечките економии и подобрувањето на транспортните врски.

„Marriott“ соопшти дека потпишала договори со партнери кои ќе и дозволат да го зголеми бројот на хотелите во Гана, Кенија, Мароко, Јужна Африка и да влезе во Мозамбик.

„Потпишани се договори кои ќе му помогнат на „Marriott International“ да го прошири своето портфолио со 50% со над 200 хотели и 38.000 соби до 2023-та година, а се очекува тоа да создаде 12.000 нови работни места“, се наведува во соопштението на компанијата.

И други меѓународни хотелски синџири неодамна ги објавија плановите за проширување во Африка. Меѓу нив се „AccorHotels“ која има над 100 хотели во Африка и одвои 1 милијарда долари за зголемување на своето портфолио во регионот.

Компанијата со седиште во Мериленд, „Bethesda“ располага со 6.700 објекти во 130 земји, вклучувајќи и 21 земја во Африка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП