7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектричниот хечбек на Volkswagen доаѓа со 3 типа батерии

Електричниот хечбек на Volkswagen доаѓа со 3 типа батерии

Првиот модел на новиот „Volkswagen“ од семејството електрични автомобили – „I.D.“ хечбек, ќе бидат достапни со три различни капацитети на батерии.

Според „Auto Express“, електричниот модел, чие сегашно име е „Neo“, ќе биде достапен за клиенти со различен буџет. За изданието директорот на електричната програма на „Volkswagen“ – Кристијан Цингер, открива дека подостапната верзија на моделот, ќе може да мине 330 километри (според новиот стандард „WLTP“) со едно полнење.

Основниот модел се очекува да има батерија од 49 kW / h и неговата цена ќе изнесува 45.000 долари. Следните две модификации на „I.D.“ хечбекот ќе патуваат 450 и 600 км, соодветно, со едно полнење, и нема информации за моќта на нивните батерии, барем засега.

Цингер додава дека електричниот хечбек ќе биде првиот автомобил на „Volkswagen“ кој ќе биде трајно поврзан на интернет. Целта е сопствениците на моделот можат да го ажурираат својот софтвер што е можно побрзо и секогаш.

Електромобилот ќе биде произведен во фабриката во Цвикау, а појавата на пазарот се очекува пред крајот на 2019-та година. До 2021-ва година „Volkswagen“ ќе понуди уште најмалку 3 модели на струја – кросовер, седан и миниван во ретро-стил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП