27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвиокомпанијата „Рајанер“ откажа 250 летови поради штрајк

Авиокомпанијата „Рајанер“ откажа 250 летови поради штрајк

Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ денеска откажа 250 летови поради штрајкови на вработените во неколку европски земји.

Управата на компанијата наведе дека откажува 250 од предвидените 2.400 летови за денеска, објаснувајќи дека поголемиот дел од вработените ќе работат.

„Рајанер“ додаде дека по писмен пат ги информирала патниците за промената на летовите поради штрајкот, што ќе се одржи во Шпанија, Белгија, Холандија, Португалија, Италија и Германија.

Штрајковите се сѐ почести во авиокомпанијата, којашто е основана во средината на 1980-те години. Синдикатот на вработените во „Рајанер“ бара подобри услови за работа како и договори во согласност со законите на земјата во која живеат вработените во компанијата, бидејќи управата претежно склучува договори по законите на Ирска, каде што е седиштето на авиопревозникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП