20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPetrobras ќе плати глоба од 853 милиони долари

Petrobras ќе плати глоба од 853 милиони долари

Бразилската државна нафтена корпорација „Petrobras“, се договори со владите на Бразил и САД да плати парична казна од 853 милиони долари за кршење на американското антикорупциско законодавство. Ова беше објавено во соопштението од страна на Министерството за правда на САД, цитирано од светските агенции.

САД спроведуваше истрага за корупција против „Petrobras“ поради обвиненија за плаќање мито на политичарите и политичките партии во Бразил. Раководството на бразилскиот нафтен гигант изврши сметководствени манипулации за да ги сокријат овие шеми од аспект на инвеститорите и регулаторите, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Бразилските власти ќе добијат 80 отсто од парите од паричната казна.

Во јануари, „Petrobras“ се согласи да плати 2,95 милијарди долари од колективното барање на странските инвеститори, кое беше прифатено за разгледување во САД во 2014-та година.

„Petrobras“ се покажа како центар на корупциски скандал во Бразил во 2014-та година. Полицијата се сомнева дека учесниците во криминалните финансиски шеми „исцедиле“ неколку милијарди долари од буџетот на државната компанија.

Досега десетици менаџери на компанијата влегоа во истражен притвор, од кои многумина се согласија да соработуваат во истрагата и да сведочат против бизнисмените и политичката елита на земјата, во замена за олеснителни казни. Повеќе од 60 политичари, вклучително и сегашни и поранешни пратеници, партиски водачи и гувернери, се обвинети за случајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП