27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрајк во „Рајанер”, откажани 150 летови

Штрајк во „Рајанер”, откажани 150 летови

Ирската авиокомпанија „Рајанер” откажа 150 летови, што погоди околу 24 000 патници пред утрешниот координиран штрајк на пилоти и кабински персонал во Шпанија, Португалија, Белгија, Холандија, Италија и Германија.

Компанијата советуваше околу 7000 патници да ја сменат резервацијата и да најдат алтернативни летови во случај на промена на распоредот. Различни синдикати ги повикаа своите членови да прекинат со работа од 12 часот наутро во текот на 24 часа.

Овие постојани непотребни штрајкови се штетни за работењето на „Рајанер” и за градењето доверба кај клиентите во време кога цените на нафтата се зголемуваат. Ако вака продолжи, ќе треба да ги преиспитаме можностите за економски раст оваа зима и летото 2019 година, се вели во изјавата на „Рајанер”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП