2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМоќта на интернетот е поголема отколку што мислите

Моќта на интернетот е поголема отколку што мислите

fajb_power_internet_01_dec2012

Фактот дека денеска скоро секој го има интернетот во својот џеб и дека мобилните телефони се составен дел од нашиот живот, доведе до неверојатни промени во светот на бизнисот. Мич Џоел авторот на книгата „CTRL-ALT-Delete: Рестартирајте го вашиот бизнис. Рестартирајте го вашиот живот“ во неа има собрано неколку неверојатни докази за големината и моќта на интернетот. Еве некои од нив.

1. Кон крајот на 20-иот век 38 милиони луѓе користеле интернет во своите домови, а денеска 1.2 милијарди луѓе имаат интернет на своите мобилни телефони.

2. Денеска поголем е бројот на луѓе кои имаат пристап до интернет преку мобилните телефони, отколку од тие што имаат пристап до вода и електрична енергија.

3. „Facebook“ од мобилните уреди дневно го посетуваат 150 милиони луѓе.

4. Годишниот приход на компанијата „Amazon“, која е една од првите кои продава производи на интернет, е поголем од  БДП-то на половина од земјите во светот.

5. Интернет страната „Kickstarter“ помогна за започнување на производство на 98.000 проекти и оствари приход од 521 милиони долари за само четири години.

6. Две третини од приходите на „Apple“ се од производите кои ги пласирале по 2007-та година.

7. „Instagram“ има 100 милиони корисници и оваа бројка има континуиран раст.

8. „Instagram“ стана една од најважните ставки за опстанокот на бизнисот. Од 100 најдобри брендови во светот 59 проценти за својот имиџ можат да му се заблагодарат на „Instagram“.

9. 14.3 трилиони интернет страници постојат во светот.

10. Друштвено-информативната и забавна интернет страна „Reddit“ има 62.3 милиони посетители секој месец, а корисниците просечно поминуваат по 39 минути на оваа страна. Тоа што е неверојатно е дека оваа продукција има вработено само 22 работника.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП