17 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNike објави подобра од очекуваната заработка за кварталот

Nike објави подобра од очекуваната заработка за кварталот

„Nike Inc.“ забележа подобар од очекуваниот профит за првото тримесечје, кое заврши на 31-ви август, но сепак постои мало зголемување на бруто маргината, како и недостатокот на промена во прогнозите за 2019-та година.

Бруто маржата на „Nike“ забележува раст од 50 базични поени до 44,2% за разгледуваниот период, во согласност со очекувањата на аналитичарите, консултирани од „Thomson Reuters I/B/E/S“.

„Резултатите се добри, но не се доволно „wow“, посочува основачот на „Auxier Asset Management“, Џеф Осие.

За вториот квартал од септември до ноември, во што влегува и почетокот на рекламната кампања со учество на играчот во американски фудбал Колин Каперник, очекувањата на компанијата за спортски стока се да се забележи раст на приходите и зголемување на бруто маргината, слични на оние во сегашниот период.

Според аналитичарите кампањата веќе придонела за 61% раст на продажбата во нејзиниот период, според податоците на „Thomson Reuters Proprietary Research“.

Производителот од Оергон исто така очекува раст на трошоците во овој квартал поради поголемите инвестиции во своите дигитални платформи и во маркетинг за време на почетокот на сезоните на НБА и НФЛ.

Исто така, во првиот квартал, 13% ги зголемија трошоците за рекламирање и промоција на компанијата на 964 милиони долари во текот на периодот за проверка.

„Nike“, исто така, ја задржа прогнозата за фискалната 2019-та година.

Во меѓувреме продажбата на компанијата од Северна Америка пораснаа за 6% во втор раст, кој зборува за знаци на закрепнување, откако конкуренцијата на „Adidas“ и „Under Armour“ се одрази на продажбата во три од последните четири квартали. Приходите, пак, се зголемија за 9,7 отсто на 9,95 милијарди долари, наспроти 9,94 милијарди долари.

„Враќаме кон силниот раст во Северна Америка уште побрзо отколку што очекувавме“, изјави главниот финансиски директор на компанијата, Ендрју Кемпин.

Нето добивката на „Nike“ се зголемува до 1,09 милијарди долари, што е еквивалентно на 67 центи за акција од 950 милиони долари (57 центи по акција) година порано. Очекувањата на приходите на аналитичарите беа 63 центи по акција.

Акциите на „Nike“ поскапеа за 36% од почетокот на годината, а само со 3% ја зголемија својата вредност по почетокот на контроверзната реклама во која глуми Каперник претходно овој месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП