27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Рајанер“ откажа 190 летови во Европа

„Рајанер“ откажа 190 летови во Европа

Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ откажа 190 летови или 8 отсто од закажаните 2 400 летови за в петок поради штрајк на вработените во неколку европски земји.

„’Рајанер’ им се извинува на патниците“, се наведува во соопштението на авиокомпанијата и се додава дека в петок ќе штрајкува персоналот во Шпанија, Белгија, Холандија, Португалија, Италија и Германија, со што ќе бидат погодени 30 000 патници.

Штрајковите се сè почести во оваа авиокомпанија, основана во средината на 80-ите.

Синдикатот на вработените бара подобри услови за работа, како и договори за работа во склад со законите во земјите во кои живеат, со оглед на тоа што управата претежно ги склучува договорите по законите во Ирска каде што ѝ е седиштето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП