3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Mercedes B Сlasѕ ќе дебитира на саемот во Париз

Новата Mercedes B Сlasѕ ќе дебитира на саемот во Париз

Покрај новата, трета генерација на „MPV“ моделот, на штандот на „Mercedes“ во главниот град на Франција ќе бидат и „A35“, новиот „GLE“ и електричниот „SUV EQC“.

Новиот „Mercedes B Сlasѕ“ ќе ја дели погонската палета со „A Сlaѕѕ“ хечбек и седан.

Oвој „MPV“ автомобил ќе понуди повеќе простор во кабината од својот претходник и ќе има „единствен дизајн“ на командната табла, тврдат во германскиот производител.

Се очекува наместо конвенционалните инструменти и новата „B Сlasѕ“ ќе го има „MBUX“ мултимедијален систем со два поврзани екрани кои ќе изгледаат како таблети.

„Mercedes“ најави дека автомобилот ќе добие некои напредни системи за помош на возачот, кои ги има во најлуксузната „S Сlasѕ“.

Повеќе детали ќе бидат познати на почетокот на следниот месец, пред отварањето на саемот за автомобили во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП