29 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМајкл Корс целосно ја презема модната куќа Версаче

Мајкл Корс целосно ја презема модната куќа Версаче

Модната групација Мајкл Корс Холдингс склучи договор да ја преземе италијанската компанија Версаче, велат три извори блиски до овие компании, додавајќи дека официјална потврда се уште нема.

Од Версаче одбија да дадат изјава.

Договорот ја проценува модната куќа, препознатлива по логото со глава на медуза, не помалку од 2 милијарди долари, велат некои извори.

Како дел од договорот, Блекстоун, која купи 20 проценти од Версаче во 2014, целосно ќе излезе од сопственичката структура на италијанска компанија, додека Фамилијата Версаче која е сопственик на останатиот дел, ќе ја задржи својата улога.

Од Блекстоун исто така одбија да дадат изјава.

Веста за продажбата на Версаче беше најнапред пренесена од дневниот весник Кориере дела Сера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП