11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на Sky се зголемија за 9%, откако Comcast победи на аукцијата

Акциите на Sky се зголемија за 9%, откако Comcast победи на аукцијата

Акции на „Sky“ се зголемија за 9% до 17,22 фунти за акција на почетокот на тргувањето во понеделникот. Ова е нешто под 17,28 фунти што „Comcast“ го предложи во саботата за најголемата групација за платена телевизија во Европа, „Twenty-First Century Fox“, објави „Ројтерс“.

Американскиот кабелски телевизиски гигант понуди 40 милијарди долари за купување на групата на аукција со цел да се стави крај на долготрајната битка за купување на компанијата.

„Comcast“ им даде на акционерите „Sky“ до 11-ти октомври да ја прифатат понудата, дополнува „CNN“.

„Fox“ во моментов размислува што да прави со 39 отсто од акциите што ги поседува во „Sky“ и кој се согласи да ги продаде на „Disney“ во договор одобрен од двете страни во јули.

„Оваа аквизиција ќе ни овозможи брзо, ефикасно и значајно да ја зголемиме нашата база на клиенти и да го прошириме нашиот меѓународен развој“, изјави извршниот директор на „Comcast“, Брајан Робертс во саботата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП