22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Колку „тежат“ најмладите и најбогати Американци

График на денот: Колку „тежат“ најмладите и најбогати Американци

Тие дипломирале пред помалку од десет години, но сега се милионери.

Во 2016-та година 45 неженети Американци под 26-годишна возраст поднеле даночна пријава за бруто приход од 10 милиони долари или повеќе. Ова го покажуваат податоците на Федералната даночна служба на САД за најбогатите млади во земјата, цитирани од „Bloomberg“.

Ова исто така може да претставува намалување во споредба со претходната 2015-та година, но друг запис покажува рекордни вредности.

Во 2016-та година рекордни 930 лица под 26-годишна возраст поднеле изјава за приходи од најмалку 1,5 милиони долари – највисока забележана досега вредност. Во исто време, 1.400 лица од истата возрасна категорија пријавиле приход од над 1 милион долари.

Од податоците на федералната служба станува јасно исто така, дека над 185.000 луѓе под 26 години заработиле најмалку 75.000 долари во 2016-та година – доволна сума, за да влезат во клубот на најбогатите 1% во нивната возрасна категорија. Најбогатите 7% успеале да заработат најмалку 40.000 долари годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП