3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAston Martin продава 25% од акциите

Aston Martin продава 25% од акциите

„Aston Martin“ официјално објави дека ќе продаде 25 отсто од акциите со отворање на Лондонската берза, објави „Automotive News“.

Британскиот производител се надева дека ќе добие помеѓу 5,33 милијарди и 6,73 милијарди американски долари, со конечна цена по акција објавена на 3-ти октомври, а берзата е закажана за 8-ми октомври.

Во „Aston Martin“, тие се заинтересирани да ја зголемат вредноста на хартиите од вредност по излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Се очекува „Brexit“ значително да ги зголеми трошоците за производство, бидејќи повеќето од компаниите кои обезбедуваат опрема и компоненти се во земјите на ЕУ.

Покрај тоа, тарифите за сите транспортни средства што ги продаваат производителите на Велика Британија во ЕУ исто така ќе се зголемат.

За да се избегнат идните загуби, компанијата почна да го зголемува снабдувањето со мотори и други компоненти, додека сé уште постои договор помеѓу Велика Британија и ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП