22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ги откажа преговорите со САД, паднаа акциите на азиските берзи

Кина ги откажа преговорите со САД, паднаа акциите на азиските берзи

Денес, цените на акциите на азиските пазари паднаа бидејќи Пекинг ги откажа трговските преговори со САД, додека цените на нафтата се зголемија откако ОПЕК одлучи да не го зголеми производството на “црното злато”.

MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, со исклучок на јапонските, околу 6.30 часот беше во минус 0,3 отсто.

Цените на акциите во Австралија, Сингапур и Хонг Конг паднаа меѓу 0,1 и 1,2 проценти. Азиските инвеститори се воздржани поради воведувањето на САД 10 отсто царини на 200 милијарди американски долари вреден кинески увоз.

Пекинг, како што најави, ќе возврати со царински давачки за увоз на американски производи во вредност од 60 милијарди американски долари. Покрај тоа, Кина ги откажа преговорите за трговија за оваа недела и рече дека заменик-премиерот Лиу Тој нема да дојде на состанокот во Вашингтон.

Трговската војна започна во јули

Трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот започна во јули кога Вашингтон ги наметна царините на кинеска стока вредна 34 милијарди долари.

Тензиите се зајакнаа во август, кога во втората рунда Трамп воведе 25 проценти царина за увоз на 16 милијарди долари вредна кинеска стока.

Кина во двата случаеви возврати со царини со ист интензитет, а трговска војна меѓу нив може уште повеќе да ја влоши ситуацијата, бидејќи претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека ќе воведе царини на преостанатиот увоз од Кина во вредност од 267 милијарди долари.

– Проблемот е што трговскиот конфликт може дополнително да ескалира, бидејќи двете страни се многу далеку од клучните прашања. Трамп е се уште пркосен и вели дека е време цврсто да се застане во врска со Кина, вели економистот Шејн Оливер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП