12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Феноменалните резултати на европските технолошки компании

График на денот: Феноменалните резултати на европските технолошки компании

Европските технолошки индустрии продолжуваат да растат со феноменално темпо: 5,0% во 2017-та година, според последните податоци на економистите од трговска асоцијација „Orgalime“. За споредба, бруто-домашниот производ во еврозоната се зголеми за 2,5% во истиот период – најдобар резултат за десет години.

2017-та година е забележана како четврта година по ред на раст за индустријата на машинството, електрониката и металопреработувачката, пренесува „Euractiv“.

Прогнозата на здружението за 2018-та година се дека ќе продолжи со раст, овој пат за 3,5 проценти. Годишните приходи засега изнесуваат околу 2.000 милијарди евра; имајќи го предвид контекстот – бруто домашниот производ на Франција за 2016-та година е нешто повеќе од 2.000 милијарди евра.

Сегментирани по сектори, приходите на технолошките компании од 2017-та година изгледаат вака:

– 737 милијарди евра за електронската индустрија;

– 721 милијарда евра за механички инженеринг;

– 532 милијарди евра за металопреработувачките компании;

– 181 милијарда евра за компании за инсталација и одржување.

Во однос на вработувањето во овие сектори, водечки компании се компаниите за обработка на метали со вкупно 3,82 милиони луѓе. Втората е електронската индустрија со 3.03 милиони работници, по што следи инженерската индустрија со 2.96 милиони вработени. Конечно, постојат компании за инсталација и одржување каде што работат вкупно 1,41 милиони луѓе.

Вкупниот број на вработени во технолошките индустрии е 11,2 милиони лица, или 30% од сите вработени во европската индустрија (36 милиони луѓе според податоците од 2016-та година).

Во текот на изминатите пет години, овие индустрии создадоа 350.000 нови работни места.

Извоз на технолошките индустрии за 2016-та година изнесува 567 милијарди евра, или една третина од извозот на стоки произведени во Европската унија (ЕУ) за истото време – 1,700 милијарди евра.

Јасно е дека технолошките индустрии се основен столб на економијата во ЕУ, но поради зголемената политичка неизвесност, поткрепена од популизмот, антиглобализмот и се повеќе жестоката конкуренција меѓу Кина и САД, досегашниот пораст веќе нема да биде гарант за раст во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП