7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Фејсбук“ воведува своја апликација слична на Тиндер

„Фејсбук“ воведува своја апликација слична на Тиндер

Почнувајќи од вчера, луѓето во Колумбија ќе можат да создадат свој профил за онлајн запознавање на „Фејсбук“, а веројатно ваквата опција наскоро ќе биде достапна и за корисниците од други земји.

Иако можеби одлуката ваква апликација најпрво да се воведе во Колумбија изгледа чудна, од „Фејсбук“ велат дека тоа е одличен избор бидејќи луѓето таму целосно го прифаќаат запознавањето преку интернет, а социјалната мрежа има 30 милиони активни корисници.

Притоа, со ваквиот избор се ограничува љубопитноста на новинарите кои неуморно ги ловат грешките на оваа социјална мрежа, а се минимизира и просторот за маркетинг грешки кои сериозно би ги погодиле финансиите на „Фејсбук“ доколку се случат во друга земја, каде што на реклами се вртат стотици милиони долари.

Сепак, познавачите предупредуваат дека со ваквата мрежа за состаноци, „Фејсбук“ ќе добие изобилство податоци за личните навики и вкусови на корисниците кои ќе ги користи под изговор за пронаоѓање совршен партнер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП