Компанијата „Peugeot“ го откри изгледот и техничките карактеристики на концептниот „e-LEGEND“ кој е направен во стилот на легендарниот модел од 60-тите години на минатиот век – „504 Coupe“. Прототипот е со електричен погон, а има карактеристични пропорции за купе.
Должината на концептниот модел е 4.650 мм, широчината е 1.930 мм, висоината е 1.370 мм, а растојанието помеѓу двете оски достигнува 2.690 мм. По димензии, со исклучок на широчината, тој е помал од моделот „Peugeot 508“. Повеќето елементи од екстриерот се превземени од оригиналниот „504“ – формата на „LED“ светлата, отворите за воздух на капакот и логото во вид на штит.
„Peugeot e-LEGEND“ е опремен со електричен систем за погон на четири тркала, а моторот развива 420 КС и 800 Нм вртежен момент. Тој обезбедува забрзување од 0 до 100 км/ч за помалку од 4 секунди, а максималната брзина е 220 км/ч. Благодарение на батериите со капацитет од 100 kW/h возилото може да помине до 600 километри. При користење на специјален полнач на станица за 25 минути акумулаторот се полни до 80%.
Концептниот модел располага со два режима на движење – „Soft“ и „Boost“. Во првиот се обезбедува максимална удобност при возењето со минимални информации на екранот. При вториот патниците добиваат многу повеќе податоци, а самиот автомобил станува поостар и подинамичен.
Рачните режими се исто така два. Стандардниот е „Legend“, а кај него на екранот се прикажува инструмент панелот на „504“. При режимот „Boost“ целосно се открива потенцијалот на електромоторите и се менува графикот на инструмент панелот.
„Peugeot e-Legend“ располага со гласовен асистент од компанијата „SoundHound“. Тој разбира 17 јазици, може да менува музиката, да ги отвора вратите и да го избира режимот на движење. За моделот специјално е развиен аудио-системот „Focal“ кој може да го распределува звукот кон секој патник одделно.
Засега во „Peugeot“ немаат намера да лансираат моделот во сериско производство, но некои од технологиите во блиска иднина ќе се појават во моделите на брендот.